3 Comments

Ненад, се согласувам. Но (секогаш има некое но) мислам дека колку што е ситуацијата во Македонија патолошка, каде владее целосно изместена меритократија, толку е и во Европа / запад, каде конкуренцијата станува речиси цел самата за себе, а научните работници се веќе во позиција на прекаријат (со исклучок на највисоките позиции). Се надевам оти е очигледно дека и тоа не е здраво. Прашањето е како да го видиме патот до решението, барем за Македонија.

Expand full comment
author

Да, академијата е во криза и прекаријатот е сè поброен. Од друга страна рангирања се неопходни, оти без нив нема објективност. Параметрите на шангајската листа се подложни на Goodhardt's law, но некои од нив се корисни за Македонија. Прашањето е кои се корисните параметри и дали можеби има некои што Шангај не ги зема предвид. Веројатно треба ова да го одлучиме преку национална стратегија за да не бидеме како жабата што видела дека коњот се потковува.

Expand full comment
Nov 15, 2022Liked by Nikola Stikov

Па нема смисол Македонија да има различен академски систем од западниот, пошто веќе со децении гравитираме према Европа. Од тој аспект, било какви промени треба да одат во насока на усогласување, а не на измислување на нов систем. Системот е горе долу ист во цел свет. Не се работи само за инвестирање во кадар и инфраструктура, туку за имплементирање на транспарентен меритократен систем кој ќе овозможи најдобрите да испливаат на површина, а останатите ќе ги прати да се занимаваат со нешто друго во кое се добри. Најнормално е кога станува збор за лимитиран број на позиции и средства да има стрес и притисок. Она што не е нормално е да немаш никаков стрес, а да не продуцираш.

Expand full comment