Мали огласи (2)
С(ц)иеста со Владимир Кузмановски, среда (24 ноември) во 5 по македонско. Плус објави од ФИТР, British Council, Билјана Мојсоска и Јаков Чакарески.
Нашиот следен гостин на С(ц)иеста е Владимир Кузмановски. Владимир е пост-докторски истражувач на Универзитетот Аалто, Финска и истражувач-асистент на Институтот Јожеф Стефан, Словенија. Неговите истражувачки активности се во доменот на машинско учење и квалитативни методи за моделирање на одлучувачки процеси, и со особен интерес, нивна примена во домените на одржлив развој во полједелско производство и прехранбени дистрибутивни вериги. Дополнително, во моментов (во соработка со FinEst Center for Smart Cities, Естонија) работи на моделирање на ефекти врз, и потенцијал за, одржлива урбана мобилност со воведување на автономен јавен транспорт. Подолу е регистрација за гостувањето на Владимир во среда (24 ноември) во 5 по македонско:
https://forms.gle/fFHna3oVTZ7cufw87Првите 20 регистрации се бесплатни, додатни места се достапни за поддржувачите на КАНТАРОТ.
Порталот УМНО објави одлична репортажа од промоцијата на УКИМ центарот за напредни интердисциплинарни истражувања. Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) ја виделе репортажата и упатија покана за соработка:
Не знам колку сте запознаени, но Фондот за иновации во соработка со Кабинетот на Вицепремиерот за економски прашања од неодамна покрена иницијатива за изработување на национална стратегија за вештачка интелигенција и би сакале да стапиме во контакт со Центарот, доколку во нивната мрежа има и ваков тип на истражувачи. Дополнително, остваривме контакт со Институтот за вештачка интелигенција во Србија и тие се заинтересирани за заедничка соработка на истражувачки проекти во оваа сфера, што може дополнително да додаде вредност за УКИМ. Контакт мејл: ivana.stankovic@fitr.mkБританскиот совет објави повик за мапирање на секторот за развој на игри и за поддршка на гејминг секторот во Македонија. Подолу се повеќе детали и контакт информации, крајниот рок е 26 ноември:
Ви честитам на основањето на Центарот за напредни и интердисциплинарни истражувања, минатата недела го проследив вашиот промотивен настан. Доколку имате интерес или е во делокругот на вашата работа и интерес, Ве канам да се пријавите на повик за мапирање на индустријата за развој на игри во Македонија објавен од страна на Британскиот совет во соработка со Министерството за култура, а во склоп на програмата за поддршка и развој на културните и креативни индустрии. Целта на бараното истражување е мапирање на секторот за развој на игри и формулирање на препораки за креаторите и донесувачите на одлуки за понатамошен развој и поддршка на гејминг секторот во Македонија. Очекуван период за реализација на мапирањето е од декември 2021 година до март 2022 година. Сите потребни информации се дадени во документот во прилог. Рокот за поднесување на понудата е петок, 26 ноември 2021 година до 16:00 по локално време. Доколку имате прашања во врска со овој повик, пишете ми на Zarko.koneski@britishcouncil.org.mkБилјана Мојсоска има слободна позиција во нејзината група во Данска за пост докторант (две години) , за работа на наноструктури од областа на огранската хемија и микробиологијата. Повеќе информации подолу:
Јаков Чакарески бара студенти и постдокторанти кои се заинтересирани да работат на проект за augmented reality во соработка со University of Illionis:
https://csl.illinois.edu/news/42344Доколку сте заинтересирани можете да го контактирате Јаков на следниов меил: jacob.chakareski@njit.edu