Трета НАУКА ЗА ДЕЦА конференција
Годинава имаме уникатен концепт. Поддржете нѐ во неговата реализација!
Фондација КАНТАРОТ е дете во светот на филантропијата, но веќе чекориме со сигурни чекори благодарение на вас. НАУКА ЗА ДЕЦА е нашиот најпрепознатлив проект, преку кој десетици научници родум од Македонија неуморно создаваат образовни материјали, организираат научни конференции, наградуваат талентирани ученици и работат на промоција на научната писменост меѓу најмладите.
Време е за третата НЗД конференција (18-19 октомври) во NOVA International School, како и за герилската fundraising акција што вообичено ја организираме преку С(ц)иеста и преку нашиот Сабстек. Како и претходните години, ќе ни значи многу вашата финансиска поддршка. Оваа година конференцијата е многу поамбициозна, затоа што имаме дел за возрасни (петок во 19ч по македонско), како и дел за деца (сабота од 10:30 до 14:30).
https://konferencija.naukazadeca.mk/
За отворањето пет талентирани ученици подготвија фасцинантни научни предавања во соработка со наши реномирани научници од странство, дел од С(ц)иеста заедницата. Голема благодарност до Борјана Арсова, Петар Поповски, Панче Наумов, Александар Шулевски, Марко Шунтов и Блаже Ѓоргиев кои поминаа десетици часови менторирајќи ги Мила, Јаков, Деа, Теа и Зоран.
Сите ќе можете да го следите овој дел преку нашата Фејсбук страница на следниов линк, a ако сте во Скопје и сакате да дојдете во живо, тогаш…
(поканата за настанот се наоѓа на крајот од овој пост, зад paywall)
Свеченото отворање ќе го продолжиме со предавање на Проф. Бас Рокерс од Њујорк универзитетот во Абу Даби, кој ќе нѐ воведе во светот на виртуелната реалност.
За крај ќе ги доделиме наградите „Иван Ќостаров“ за извонреден научен потенцијал и „Колега Стиков“ за најдобар млад презентер.
Вториот ден, на 19 октомври, ќе се одржи изложбата „Parlez-vous fran-sci?“ во соработка со Францускиот институт во Скопје, а ќе бидат организирани и три научни работилници за ученици на возраст од 10 до 15 години. За време на работилниците децата ќе истражат еден научен концепт во виртуелна реалност, пред да имаат практична демонстрација на тема електромотори, капиларна активност или француска наука. Работилниците ќе траат од 10:30 до 14:30 часот.
Ако можете да нѐ поддржите финансиски, подолу се три начини да се донира. Секој износ е добредојден, затоа што нѐ охрабрува да продолжиме со промоција на науката во Македонија.
1. Со донација на нашата македонска банкарска сметка
Трансакциска сметка: 250-0010051639-69
Примач: Фондација КАНТАРОТ
Шифра за донација: 562
2. Со платена претплата на нашиот Сабстек:
3. Со tax-exempt донација преку организацијата Global Macedonians:
US Entity
Bank Name: Bank of America
Account number: 138134345419
Routing number: 125000024 (paper & electronic)
Swiss Entity
Global Macedonians е непрофитна, неполитичка организација основана во Цирих со цел да им помогне на македонските професионалци да се поврзат, развиваат и поддржуваат едни со други. Регистрирајте се за Intro Call - https://globalmacedonians.org/join-us !
Голема благодарност до нашите досегашни и идни партнери и поддржувачи. Заедно чекориме кон подобра иднина за новите генерации!