НЗД Конференција на 21 мај
Фондација КАНТАРОТ пролетва слави прв роденден. Во изминатата година ја поставивме Наука за деца на здрави нозе, па одлучивме да го прославиме роденденот со НЗД конференција.
На 21 мај ќе организираме НЗД конференција финансирана од нашите претплатници и од членови на С(ц)иеста заедницата. Целта ни е да собереме 5000 евра за да донираме 500 НЗД пакетчиња на основците во Македонија. Секоја ваша донација значи екстра НЗД пакетчиња и работилници за нашите деца!
Регистрацијата за детскиот дел е бесплатна (капацитет од 50 деца, first come first served), а бесплатно е и учеството на онлајн панелите со Нина Геометриева, Петар Поповски, Андреј Ристески, Никола Стиков, Тања Павлеска, Бојана Стојанова, Менка Стојанова и Маја Виденовиќ. Подетални информации се наоѓаат на веб страницата на конференцијата.
Ако одлучите да нè поддржите со 12 000 денари, или со founding member претплата на Сабстек, фондацијата ќе резервира два билети за детскиот дел, два билети за вечерниот коктел (билетите може да бидат префрлени на пријатели), а ќе подариме и НЗД работилница во ваше име на едно од 30-ина училишта во Македонија. Работилницата (приближна вредност од 200 евра) ќе биде спроведена од НЗД тимот во текот на 2022, а секое дете ќе добие пакетче што содржи четири активности кои се изработени од нашите научници.
Препорачаната донација од 12 000 денари е за оние кои сакаат да донираат НЗД работилница, но и други износи се добредојдени. Сите донатори (вклучувајќи ги и оние кои нè поддржале во минатото) ќе бидат поканети на коктел-забавата на покривот на Интертек во сабота во 19 часот. Забавата е донација од Димитар Силјановски, а деталите ќе бидат испратени до донаторите во петок, 20 мај.
Подолу се двата начина на кои може да ни донирате:
а) Преку Сабстек
б) Преку банкарска сметка
Трансакциска сметка: 250-0010051639-69
Примач: Фондација КАНТАРОТ
Шифра за донација: 562
Визијата на нашата фондација се микродонации и микрогрантови со кои сакаме да создадеме култура на донирање на долги патеки, за заедно да го подобриме нашиот образовен систем. Во изминатата година добивме донации од педесетина поддржувачи, а се надеваме дека со конференцијата ќе успееме да ја дуплираме таа бројка. Ви благодариме!