НЕОМ
Зградата ќе биде долга 200 километри (колку од Скопје до Солун) и ќе биде висока 500 метри. Репортажа од кулата саудиска од чија амбиција штукнува памет.
Откако слушнав за проектот NEOM пред година ипол, постојано барам начин да го посетам. Шансата ми се укажа кога драг пријател се вработи таму и ме покани да се запознаам со неговите колеги. Подолу се свежи впечатоци од посетата.
Тука се стигнува после двочасовна вожња од Табук, најблиското населено место. Се вози низ пустелија, ама не е тоа пустина со пе…