На стара слава
Во Канада ќе се изначекаш лекарска услуга, во Швајцарија ќе заглавиш до бескрај во сообраќајни гужви, а кроасаните во Франција ќе направат да посакаш да бидеш во Монтреал...
Ако бидеш одличен на почетокот, после ќе ги добиваш оценките на стара слава!
Ова ми го кажаа моите кога појдов во забавиште, и тоа е еден од најкорисните совети што сум ги добил од нив. 35 години подоцна ја препознавам истава стратегија насекаде околу мене, и тоа не само кај луѓе, туку и кај цели институции и држави кои изградиле репутација на успешност …