Буки има ново лого!
Голема благодарност до Владимир Трајановски, како и до сите кои се вклучија во нашата кампања и донираа дизајни.
Обезбедивме и сервер!
Донацијата е на Ордан Чукалиев и е прилично моќна

Продолжуваме со кампањата за да собереме 600 часа македонски гласови преку платформата Mozilla Common voice.
Во моментов Буки е трениран само на 60 часа македонски говор и просто е неверојатно дека работи толку добро (тестирајте го на следниов линк). Сепак, имаме проблем со препознавање на детски гласови и на дијалектен говор. Затоа, новата верзија на Буки сакаме да ја истренираме со поголема разновидност на гласови и акценти. Би ви биле многу благодарни ако се вклучите во нашата кампања и прочитате неколку реченици на македонски. Уште подобро ако им помогнете на вашите деца да го направат истото. Подолу е краток туторијал за тоа како можете да донирате глас. Одете на https://commonvoice.mozilla.org/mk и следете ги упатствата од видеово. Знаеме дека во видеото има граматички и лекторски грешки, но поентата на Буки е да транскрибира и говор што не е литературен.
Горните упатства се доколку сакате да донирате глас без да направите профил на Mozilla Common Voice. Ако пак сакате да бидете дел од натпреварот за топ 10 БУКИ-сти (за кои имаме и награди), тогаш ќе треба да направите профил на Mozilla common voice и да ги изберете опциите во црвено:
Гласовите ги собираме до 15 декември, затоа што тогаш Mozilla ќе ги направи достапни за тренинг сите реченици прочитани во претходните три месеци. Потоа ќе го истренираме Буки 2.0 и ќе го споделиме со вас на промоцијата на 26 декември. Хостингот, кампањата и промотивните материјали не се евтини. Ако можете да нѐ поддржите финансиски, тогаш…
Буки е македонската јазична Ноева арка:
https://blen.mk/buki-e-makedonskata-jazichna-noeva-arka/
Ви благодариме од сѐ срце што учествувате во зачувување на македонскиот јазик!