С(ц)иеста за јавност во среда и дружба во живо во четврток.
Во среда во 5 ќе организираме онлајн панел со Никола Пановски, Драган Даниловски, Елисавета Стикова и Харис Бабачиќ. Во четврток во 6 ќе се собереме во Интертек за да испиеме едно пиво.
Во среда (22 декември) во 5 по македонско Фондација КАНТАРОТ ја најавува првата С(ц)иеста отворена за јавноста. Темата на дискусијата е КОВИД: Две години подоцна, а главни точки на разговорот се:
- Варијантата омикрон и заканите од неа;
- Вакцинација на возрасни и на деца;
- Како се справува со пандемијата Македонија, а како светот.
Панелисти на дискусијата ќе бидат Драган Даниловски, Никола Пановски и Елисавета Стикова, а дискусијата ќе ја модерира Харис Бабачиќ. Настанот ќе биде директно пренесуван на Фејсбук (линк), а на Зум ќе можат да се вклучат и да постават прашања поддржувачите на КАНТАРОТ и членовите на С(ц)иеста.
Подолу е директниот Зум линк, како и информации за С(ц)иеста дружбата во Интертек во четврток во 6.